Во Романија ќе се гради првиот зелен планински ресорт

79

rom1

Група холандски и романски инвеститори почнаа со развој на зелен планински ресорт во Вама Бузаулуи, во областа Брашов, Трансилванија.

Во проектот наречен Valley 21 ќе се инвестираат 15 милиони евра и вклучува 68 модерни еко – куќи. Првата куќа од комплексот е завршена и беше презентирана на 10 септември, пишува Romania insider.

Куќите ги дизајнираа италијанските архитекти Лука Форнароли и Џулија Валентини. Овие 68 куќи ќе бидат изградени на 68 хектари земја. Ќе бидат опремени со соларни панели, но и со камини. Ќе имаат зелени покриви, а вода ќе користат од природните извори што се во близина. Ќе бидат со квадратура од 97 до 118 метри квадратни и ќе чинат од 167.000 до 285.000 евра.

Проектот треба да биде завршен до 2020 година.