Во Романија вработени над 40.000 лица под 18 години

23

kelner-pixabay

Фото: Pixabay

Во Романија има над 40.000 вработени што имаат под 18 години, а се ангажирани во ресторани, продавници или хотели, пишува Romania Insider.

McDonald’s е една од компаниите што имаат најголем број на малолетни вработени. Овој синџир на ресторани за брза храна има 5.000 вработени во Романија, од кои 730 се малолетни.

Се смета дека ова е едно од решенијата за надминување на проблемите со недостигот на вработени. Други компании се обидуваат овој проблем да го решат со отворање на училишта за обука на идните вработени.