Во рударството ќе се инвестираат над 1,4 милијарди евра

33

Повеќе од 1,4 милијарди евра ќе се инвестираат во рударството и ќе се отворат околу 2.500 нови работни места, најави вчера Владимир Пешевски.

„Владата во изминатиот период додели над 200 нови концесии и тоа е област на која ќе посветиме уште поголемо внимание во следниот период бидејќи сметаме дека изминатите години овој сектор беше ставен на страна“, изјави Пешевски при посетата на каменоломот на Гранит.

Според него, многу е важно секој сегмент од економијата да биде максимално вклучен за да има забрзан економски развој во државата.