Во Русија произведена последната лада самара

66

lada_samaraВодечкиот руски произведувач на автомобили Автоваз вчера ја произведе последната лада самара со пет врати, соопшти прес центарот на компанијата. Моделот со три врати престана да се произведува во текот на летото, а седанот пред една година. Наследник на серијата треба да стане хечбекот лада гранта, јавува Итартас.

Самара беше првиот модел на Лада со преден погон, развиен кон крајот на 70-тите години. Развојот е завршен во 1984 година и од тогаш се произведени над 5,2 милиони автомобили.