Во септември издадени 297 одобренија за градење

38

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016 се издадени 297 одобренија за градење, што е за 6,0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.088.315 илјади денари, што е за 21,7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 196 (66,0%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (7,7%) за објекти од нискоградба и 78 (26,3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 297 објекти, на 203 (68,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (31,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.009 станови, со вкупна корисна површина од 78.143м2.