Во септември норвешкиот извоз падна поради намалената испорака на нафта

83

Норвешкиот извоз падна во септември, што е одраз на значително намалените испораки на нафта и опрема за нафтениот сектор, покажаа податоците на заводот за статистика.

Извозот е помал за 2,7 отсто во однос на септември минатата година и падна на 11,20 милијарди евра. Увозот, пак, е зголемен за 9,4 отсто, на 7,40 милијарди евра.

Така, суфицитот во надворешно-трговскиот биланс на Норвешка во септември изнесуваше 3,63 милијарди евра и беше за 10 отсто помалку од пред една година.

Падот на извозот на почетокот на есента го одразува падот на вредноста на испораките на нафта од 25 отсто, на 3,13 милијарди евра. Нагло ослабе и побарувачката за бродови и нафтени платформи, според падот на вредноста на испораките за цели 72,3 отсто, на само 8,48 милиони евра.

Извозот на гас е зголемен за 20,5 отсто во однос на септември лани, на 2,94 милијарди евра.

Кога ќе се исклучат нафтата и гасот и опремата за енергетскиот сектор, вредноста на извозот во септември порасна за четири отсто во однос на истиот месец лани и изнесуваше 5,08 милијарди евра. Надворешно-трговскиот биланс покажува дефицит од 2,45 милијарди евра, што е за 4,4 отсто поголем од лани.

На месечна основа, вкупниот извоз падна за 14 отсто, по стапката на намалени испораки на нафта, пренесува Хина. Извозот на гас опадна уште повеќе, за дури 33,6 отсто.

Кога се исклучени нафтата, гасот и опремата за енергетскиот сектор, извозот е зголемен за 5,2 отсто на месечно ниво.