Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување на НАССР системот во угостителските објекти, во Штип ќе ја реализираат петтата работилница Интензивирање на воведувањето на НАССР системот во угостителските објекти во Република Македонија.
На работилницата ќе бидат претставени основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што НАССР системот пофлексибилно се имплементира.