Во што да инвестирате за време на криза

476

За жал, темата „штедење“ во услови на криза не престанува да биде актуелна веќе две години. Пандемијата се претвори во криза за снабдување, но сите беа засенети од нападот на руските сили врз Украина, кој се заканува да ги поремети буквално сите светски индустрии, од кои некои веќе бележат силен пораст на цените.

Имајќи предвид дека ниту еден експерт нема дефинитивен одговор или кристална топка во рацете, со цел точно да ги предвиди настаните во деновите што следат, некои видови имот сè уште покажуваат историски правилности за време на војната.

Златото традиционално е безбедно засолниште за големите инвеститори, но во последните години се повеќе го „откриваат“ малите инвеститори на нашите простори, пишува Бизнис.рс.

Историски, цената на жолтиот метал достигна максимум во август 2020 година, во средината на првата година од пандемијата на коронавирус, со вредност од 2.074,88 долари за унца (приближно 28 грама). Според податоците на Goldprice во реално време, во моментот на пишување, цената на инвестициското злато е 2.014,73 долари за унца.

Од друга страна, пазарот на недвижности  е многу активен во последните години и се уште нема намера да забави. Побарувачката не изостана од почетокот на кризата во Украина.

„Луѓето сè уште инвестираат. Интересот не престана, дури и поединци вадат пари од банките и инвестираат во недвижен имот. Додека има толкав интерес, цените ќе бидат на високи нивоа, а поради поскапувањето на градежните материјали може да се очекува нивен понатамошен раст. Мој совет е да инвестирате во недвижен имот затоа што никогаш нема да се „распадне“, односно секогаш ќе има одредена вредност“, смета сопственичка на агенција за недвижности.