Во што најмногу вложуваат кинеските богаташи?

29

Многу кинески богаташи ги вложуваат своите милиони во необични работи.

Имено според порталот Бизнис Инсајдер, Кинезите многу сакаат да вложуваат во ореви. Денес ова дрво вреди илјадници долари, што не било случај пред 10 години, кога истото можело да се купи за само 56 долари.

Овие екцентрични богаташи исто така многу вложуваат и во трки. Не било какви трки, туку трки со гулаби. Најдобрите гулаби се верува дека се доаѓаат од Белгија.

Иако не пијат вино, кинеските милионери сакаат да вложуваат во овој прозвод и во виновите насади, до тој степен што Кина е денес најголем светски извозник на виното Bordeaux (Бордо). Дури имаат и фонд кој служи само за вложување во вино.

Кинеските богаташи се интересираат многу и за уметноста. Сепак постои можност тие уметнички дела да не можат да се продадат за толку висока цена за која се купени.

Кинезите вложуваат и во поштенски марки. Најдобро котираат оние од времето на Културната револуција. Минатата година во Хонг Конг 4 такви ретки марки беа продадени за неверојатни 1,1 милиони долари.

Овие богаташи сакаат и стар чај. На пример, 345 грама чај стар 100 години може да достигне цена поголема од 25.000 долари. Исто така ако производителот на чај ги ѓубри своите билки со измет од панда, може да добие 3.500 долари за само 50 грама таков чај.

А со чај добро одат колачи, па така богатите кинези се подготвени да платат 3.340 долари за еден грам злато излиен во облик на традиционално кинеско колаче.