Во што одлучи да инвестира Ворен Бафет, по неколкумесечно затишје

323

Компанијата на Ворен Бафет, Berkshire Hathaway конечно се одлучи за нова инвестиција.

Конгломератот ќе потроши четири милијарди долари за купување на компанијата за пренос и складирање на природен гас Dominion Energy. Вклучувајќи го и преземањето на долгот на компанијата, вкупниот договор изнесува скоро 10 милијарди американски долари. Ова е прво големо купување од страна на Berkshire Hathaway по избивањето на пандемијата.

На годишната средба со акционери во мај, Бафет откри дека Berkshire Hathaway подготвил рекордни 137 милијарди долари за инвестирање во компании. Сепак, тој нагласил дека не видел добри прилики.

“Не направивме ништо бидејќи не видовме ништо атрактивно за инвестирање“, рекол Бафет во своето излагање.

Dominion Energy е компанија која се фокусира на производство на чиста енергија од ветер, сонце и природен гас.

Договорот за купување на Dominion Energy од страна на Berkshire Hathaway е предмет на регулаторно одобрување и се очекува да биде реализиран во четвртиот квартал од оваа година.