Во што серијата С10 е прва, а во што е најдобра?

0

За корисниците, иновациите кои се случуваат “зад завесите“ се речиси невидливи, а важен е само крајниот производ. Оние пак, кои се дел од мобилната индустрија знаат дека се работи за процес на постојано осмислување нови решенија за постоечките или перцепираните потреби на корисникот на паметниот телефон, како и тежнеење кон совршенство, стои во соопштението.

Кога иновативноста е континуирано присутна десет години, без ниту еден момент на пауза, резултат е нова серија на уреди која претставува предизвик за сите – за конкурентите да ја следат нејзината неверојатност, а за нејзините создаватели – поттик секогаш да бидат една галаксијапред другите. Токму таков предизвик претставува новата серија “паметни“ телефони Samsung Galaxy, уреди кои носат безброј новости во светот на смартфоните.

Топ 10 новини и иновации имплементирани во Samsung Galaxy серијата на телефони – прва во индустријата:

  1. Револуционерна иновација – Infinity-O екран каде што во “отворот на екранот“ се сместена низа сензори и технологија за камера Кај овој “Infinity-O“ екран, соодносот на големината на екранот и самото куќиште, или на англиски, “Screen-to-body ratio“ е зголемен повеќе од 90% благодарение на тоа што сега сензорите, кои инаку се наоѓаат на маската на телефонот, се “скриени“ во самиот екран. На овој начин корисникот има на располагање максимална површина на екранот, од едниот до другиот раб, со однос на страни од 19:9.
  2. Динамичен АМОЛЕД екран, со “HDR10+“ технологија која се користи во изработка на премиум ТВ панели, сега прилагодена за мобилен уред. Овој екран прикажува широк спектар на бои – дури 96% од боите кои човечкото око може да ги види. Дополнително, екранот создава уште подлабоки темни и посилни светли нијанси и динамички ги мапира тоновите за подобра осветленост за широк спектар на бои, создавајќи подобра и почиста слика. Екранот кај Samsung Galaxy С10 серијата на уреди може да постигне неверојатна осветленост со која се подобрува контрастот помеѓу темните и светлите аспекти на секоја содржина, создавајќи значително подобар квалитет на сликата. Исто така, преку функцијата “TÜV Rheinland Eye Comfort“, екранот го намалува синото светло без да го загрози квалитетот на сликата или додавањето на филтерот.
  3. Динамичкиот АМОЛЕД екран има и “VDE“ сертификат, што за корисникот значи дека ќе може да ужива во прецизно дефинирани бои при услови на силна сончева светлина.
  4. Прв досега ултразвучен скенер за отпечатоци на прсти кој тродимензионално ги чита контурите на прстот на корисникот, а не само две-димензионалната слика, што за корисникот претставува најсигурна заштита.
  5. Со првиот “FIDO Alliance“ сертификат на биометриски компоненти податоците на корисникот се апсолутно безбедни, исто како да се чуваат во сеф. Па дури и на ниво на трезор.
  6. Стабилен и квалитетен видео запис со технологија на дигитална стабилизација. Двете камери, предната и задната, може да снимаат до “UHD“ квалитет, а задната камера исто така создава и можност за снимање во “HDR10+“.
  7. Поддршка за новиот “Wi-Fi 6“ стандард. Ова за корисникот значи поквалитетна безжична конекција. Новиот интелигентен “Wi-Fi“ создава сигурна врска без прекин, со едноставно префрлање помеѓу “Wi-Fi“ и “LTE“, како и предупредување за потенцијално ризични “Wi-Fi“ конекции.
  8. Прва во андроид – 64-битна поддршка за фантастично искуство при играње на игри.
  9. Софтвер за оптимизација на перформансите на игрите на база на вештачка интелигенција.
  10. “Dolby Atmos“ звук за “гејминг“ начин на работење на телефонот.

10 најдобри можности на Samsung Galaxy 10 серијата на уреди:

  1. Рекордна прецизност на бои: наспроти DisplayMate и стандардот JNCD (единица за точност на бојата и стандард кој ја покажува разликата помеѓу стандардната боја и бојата на екранот), кај Samsung Galaxy S10 серијата на уреди, боите се попрецизни за создавање на што пореалистична содржина.
  2. Samsung Galaxy S10 има и сооднос на контраст од 2.000.000:1 – што значи дека корисникот може да гледа уште подлабоки нијанси на црно и уште посветли нијанси на бело.
  3. Најновата серија на мобилни уреди поседува максимална осветленост од 1200 нити.
  4. “TÜV Rheinland“ сертификат за удобност на очите, базиран на нивната способност драстично да ги намалат штетните ефекти од сината светлина.
  5. Безжично споделување на енергија (Wireless PowerShare)  – со помош на оваа функција, паметните телефони кои имаат “Qi“ сертификат, па дури и компатибилните уреди за носење, лесно се полнат. Дополнителен бенефит за корисникот е и тоа што има можност истовремено да ја полни батеријата на неговиот мобилен уред и некој друг уред.
  6. И предната и задната камера имаат “UHD“ квалитет, а за прв пат во оваа индустрија задната камера овозможува снимање во “HDR10+“ квалитет.
  7. “Super Steady“ технологија за дигитално стабилизирање овозможува стабилност при снимање.
  8. Предна и задна камера со ултраширок објектив и двојна леќа.
  9. 12 гигабајти РАМ + 1 терабајт меморија (и до 1,5 терабајти меморија со мемориска картица)
  10. Брзина од 2.0 Gbps (LTE).

Со десет новости и десет напредни перформанси, новата Samsung Galaxy С10 серија на уреди е креирана за оние кои сакаат врвен “паметен“ телефон, за чиста десетка!