Во Швајцарија отворен најдолгиот висечки пешачки мост во светот

45

1

Фото: Zermatt

Во близина на швајцарскиот град Цермат е отворен мост за пешаци, за кој туристичката канцеларија од овој град вели дека е најдолгиот на светот, пишува BBC.

Висечкиот мост наречен Европа е долг 494 метри, широк 65 сантиметри, а се наоѓа на 85 метри висина над кањонот Грабенгуфер.

Мостот го држат челични јажиња тешки осум тони и е опремен со систем што го штити од лулање.