Во Словенија веќе е достапна 5G мрежа

31

Телеком Словенија e првиот оператор во Словенија што официјално воведе 5G мрежа во земјата. Фреквенцијата што Телеком Словенија ја инсталираше изнесува 2.600 MHz, којашто може да се користи и за мрежата од четвртата генерација.

Најголемата разлика која ќе ја почувствуваат корисниците на 5G мобилната мрежа на Телеком ќе биде брзината на пренос на податоци. Телеком Словенија потенцираше дека области како што се енергетика, транспорт, логистика, индустрија, паметни градови, здравство, јавна безбедност и други се најперспективни за мрежната технологија 5G и имплементација на напредни комуникации.
Во првата фаза на спроведување на 5G мрежа ќе има над 200 базни станици со 5G сигнал, а до крајот на 2020 година се очекува да ја користат 33% од населението.
Фото: Freepik