Во Сплит отворено пристаниште за хидроавиони

48

split

Во сплитското Градско пристаниште е отворено пристаниште за хидроавиони. Концесијата за користење на пристаништето на 10 години ѝ е доделена на компанијата European Coasting Airlines (ECA) како инвеститор, јавува ХРТ.

Според хрватскиот министер за сообраќај и инфраструктура Синиша Хајдаш Дончиќ, Сплит е еден од ретките европски градови коишто во својот центар имаат пристаниште за хидроавиони.

Пристаништето засега е поврзано со летови за Хвар, Пула и Ластово, а планирано е негово поврзување со уште неколку места на Јадранот.