Во споредба со мажите, жените работат два месеци бесплатно

50

На првата пленарна сесија во 2020 година во Стразбур се одржа расправа за различна плата помеѓу мажите и жените, посочувајќи дека заради пониската плата од мажите, жените работат бесплатно околу два месеци секоја година.

Јазот во платите меѓу мажите и жените се движи од 8% во Белгија, Италија, Луксембург, Полска и Романија, до повеќе од 20% во Чешка, Германија, Естонија и Велика Британија, соопшти Кабинетот за односи со јавност на Европската народна партија (ЕПП).

“Дали знаете дека жените работеа бесплатно од 4 ноември 2019 година до крајот на годината? Токму на 4 ноември, го одбележавме Европскиот ден за еднаква исплата, датум што го симболизира денот кога жените низ Европската унија би престанале да заработуваат до крајот на годината во споредба со мажите. На ниво на ЕУ, разликата е 16%, додека во мојата земја разликата е малку пониска – 13%. Со други зборови, во споредба со мажите, жените работат бесплатно околу два месеци секоја година“, рече европратеничката на хрватскиот парламент, Сунчана Главак.

Податоците покажуваат дека во повеќето земји жените се пообразовани од мажите, но пониските плати на крајот на нивниот работен век, исто така, доведуваат до разлики во пензиите, поради што тие честопати се соочуваат со социјална исклученост, сиромаштија и финансиска зависност по напуштање на пазарот на трудот.

Фото: Pexels