Во Србија минатата година биле вработени над 52.000 странци

20

Минатата година во Србија беа издадени над 52.000 работни дозволи на странци, што е скок од речиси 70 отсто во споредба со претходната година. Само во Белград има уште 30.000 странски работници.

И покрај тоа, сè уште недостасуваат сите профили на работници. Некои проценки се дека има недостиг од околу 20.000 возачи и исто толку работници во угостителството.

Од вкупниот број новопристигнати, најголем број се работници од Кина, од кои 10.000. потоа се државјаните на Русија – 8.000,следат 5.500 работници од Турција, 3.000 од Индија, потоа Куба, Непал, Бангладеш и, на крајот, соседните земји, пишува РТС.