Во Србија, на секои шест нови, пропаѓаат 10 фирми

71

sr

Проблемите во работењето кај малите и средни компании и кај претприемачите во Србија придонесоа до тоа оваа година на секои шест основани фирми, да пропаднат десет.

Проблемите со кои се соочуваат се неликвидност, парафискални давачки на републичко и локално ниво, сива економија која надминува 30%, како и одреден степен на дискриминација кај постапките на јавни тендери, посочува директорката на Центарот за услуги на Стопанска комора на Србија, Нермина Љубовиќ, пишува Б92.

Љубовиќ истакна дека секторот мали и средни претпријатија сочинува 99,8% од вкупниот број стопански објекти во Србија, со 34% учество во БДП, 44,5% учество во извозот и 66,5% во вработувањата.