Во Србија се снимаат сцени од боливудски филм

63

Во јужниот дел на српски Банат неколку дена се снима боливудскиот акционен филм Baaghi 3 во продукција на индиската куќа Nadiadwala Grandson Entertainment.

Според српските медиуми, меѓу статистиките во филмот има и глумци од Србија, Македонија, Бугарија и Тајланд.

“Најголемиот дел од филмот го снимавме во Индија, но 35 денови, до 15-ти декември сме во Србија, каде снимаме секвенци и во околината на Белград. Ова е продолжение на франшизата за Baaghi, а филмот е наменет за оние кои сакаат забава, но и да гледаат нови работи во акција“, вели Барак Бохор, продуцент на филмот.

Снимањето на филмот започна во септември во Мумбај, а премиерата е закажана за март следната година.

Фото: Pixabay