Во светот живеат над 22 милиони милионери

42

Фото: Pixabay

Минатата година во светот имало 22 милиони милионери, што во споредба со 2017 година, е раст за 2,1%, покажува извештајот на Boston Consulting Group.

Милионерите поседуваат 50% од вкупниот личен финансиски имот во светот.

Најголем дел од доларските милионери живеат во Северна Америка, а прогнозите покажуваат дека во период од 2018 до 2023 година, бројот на милионери најмногу ќе расте во Азија (за 10,1%), без Јапонија.

По Северна Америка, најмногу милионери има во Африка (9,8%) и Латинска Америка (9,1%).

Проценките велат дека до 2023 година, вкупниот број на милионери во светот би требало да достигне 27,6 милиони.