Во тегли за кисели краставички нашле злато вредно пола милион евра

111

Градот Морез, што се наоѓа во источниот дел на Франција, од неодамна е сопственик на стара куќа во градот, што ја купи за 130.000 евра. Но, тоа е не е некоја посебна вест, туку она што е пронајдено во самата куќа. Во тегли за кисели краставички се пронајдени над 1.000 златници и пет златни прачки во вредност од 500.000 евра, пренесуваат француските медиуми.

Градот неодамна ја купи старата и голема куќа во срцето на градот за да ја реновира и да отвори две продавници во приземјето, а остатокот да го претвори во станови.

“Јас ги најдов. За се ослободиме од најразличните предмети во куќата, од кутии полни со чорапи до кутии со маргарин, работата ја поделивме со колегите. Бев на вториот кат, каде што испразнив 20-ти вреќи со ѓубре, па наидов на теглите за кисели краставички. Наместо зимница, теглите беа преполни со златници“, вели Мартин Риалан, вработена во општината.

Пронајденото “богатство“ го предале на проценка, којашто покажала дека вреди 500.000 евра. Златниците и прачките со децении ги чувало семејството Јобез, а во куќата долго време живееле нивните наследници, четворица браќа и сестри, сите самци. По нивната смрт, нивни далечни роднини решиле да ја продадат куќата заедно со целата покуќнина.

Меѓу луѓето кружеле гласини дека во куќата имало скриено богатство, но ретко кој верувал во тоа.

Овие половина милион евра ќе се слеат во градската каса.