Во технолошкиот сектор за 10 месеци беа отпуштени 240.000 луѓе

101

Над 240.000 работни места се укинати во технолошкиот сектор во првите 10 месеци од годинава, 50 отсто повеќе отколку во истиот период лани.

Како што објави порталот Tech crunch, бројот на работни места го намалија најголемите компании како Google, Amazon, Microsoft, Yahoo, Meta и Zoom, како и помалите стартапи во многу сектори.

Бројот на отпуштања беше малку помал во текот на летото и почетокот на есента, но сега се чини дека кратењата повторно се вжештуваат.