Во Техномаркет по вторпат ќе се трча по outlet цени

40

Outlet za Objava

Техномаркет ќе ја спроведе својата втора outlet распродажба на модели на производи од минатите сезони под мотото Трчаме во Техномаркет по outlet цени. Атрактивното намалување до 60% на дел од моделите од минатите сезони ќе започне на 8-ми и ќе трае до 12-ти мај или додека траат и последните количини од производите.

На веб страницата на Техномаркет, www.technomarket.com.mk ќе биде истакнат промотивниот флаер, на кој што ќе бидат прикажани дел од моделите на производи достапни за продажба по специјални цени.

Најголемиот ланец на продавници за техника, outlet распродажбата ја претвори во традиција и ќе ја реализира секоја наредна година на почетокот на мај. На овој начин ќе им овозможи на потрошувачите да купуваат техника по екстра намалени цени и со тоа ќе им помогне во овој период од годината да ги доопремат своите домови со производи од реномирани бреднови.

Преку оваа акција, компанијата повторно ја потврдува својата стратешка заложба, континуирано водење грижа за потребите и барањата на купувачите и преку интересни и иновативни акции ја наградува нивната доверба.