Во Тетово почна со работа фабриката за производство на стакло

878

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово почна со работа фабриката за производство на стакло Глас Флекс.

Станува збор за производствен капацитет со македонско-холандски капитал во кој ќе се произведува калено, ламинирано и други видови специјални стакла.

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска присуствуваше на одбележувањето на почетокот со работа на македонско-холандската компанија Глас Флекс во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово.

“Чест ми е и задоволство што за само една година од кога беше потпишан договорот преку приватен партнер кој управува со Слободната економска зона токму овде во општина Тетово и со инвеститорот Глас Флекс денеска да имаме можност да го одбележиме почетокот на работата на овој производствен капацитет, којшто ќе вработи скоро 300 граѓани од тетовскиот регион и неговата околина. За мене е уште поважно дека токму во овој период на пандемија, Владата, Министерството за економија и сите други институции кои се поврзани со создавањето на условите за развој на Слободни економски зони, дадоа се од себе да не запре работата и денес имаме можност да видиме како започнува производството на првите производи кои главно ќе бидат наменети за извоз“, истакна Бектеши.

Бектеши потсети дека во изминатите години се донесени низа законски решенија и мерки се со цел привлекување на нови странски инвестиции и подобрување на условите за работа на постоечките инвеститори.

Фабриката Глас Флекс има објект од 8.500 метри квадратни, а ќе се произведува калено, ламинирано и друг вид специјализирано стакло.

“Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствен на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес. Се работи претежно за извоз, 80 %д производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави#, изјави Гоце Пешов, менаџер во Глас Флекс.