Во Центарот за плодност Newborn Clinic се наплатува откако резултатите се видливи

106

klinika 1

Новиот Центар за плодност Newborn Clinic гарантира за своите резултати и медицинската процедура е наплатена откако резултатите се видливи. Со самодовербата во сопствената работа, оваа клиника е различна од другите со новите третмани, новите методи на лекување и технологии во ин витро фертилизацијата.

ЕРА методот, ПГС методот – предимплатантното генетичко скенирање, ендометријално гребење, ко-култура и IUTP фертилизација за првпат се имплементираат во Македонија. ЕРА како генетски дијагностички метод дава подобар увид во женскиот имплантациски процес и помош во подготовката на стратегијата за третманот. Една од услугите на клиниката е проверка за целосни хромозоми од ендометријална биопсија, како дел од ЕРА методот.

„Во нашата работа ние создаваме живот и знаеме колку драгоцен и кревок може да биде посебно во одредена фаза од процесот. Токму поради тоа нашата политика е да понудиме резултати, а со тоа и да предизвикаме нечија среќа, затоа што веќе сме го виделе среќното лице кај оние што ќе станат родители. Методите што ги користиме, експертиза со која што располагаме и тимот на едуцирани и реномирани специјалисти ни овозможува загарантирани резултати во нашата работа”, изјави доктор Бирол Ајдин, шеф на ембриологија.

Персоналот на клиниката се состои од искусни лекари од областа на гинекологијата, урологијата, анестезиологијата и генетиката, заедно со ембриологот. Како дел од овој престижен тим, исто така е и проф. д-р Русен Атмаџа, специјалист за гинекологија и ин витро оплодување, кој е награден со бројни признанија за неговите медицински достигнувања.

„Со имплементацијата на новиот иновативен систем, нашиот центар нуди поразлични услуги од други болнички установи. Многу побрзо, поудобно и со минимални стрес. Во нашиот центар, трошоците за ин витро оплодување можат да бидат покриени и преку Фондот за здравствено осигурување”, изјави госпоѓа Серпил Каја, извршен директор.

Покрај ИВФ (ин витро фертилизација) методот и ИУИ (интраутерина инсеминација) во оваа клиника подеднакво се третира и неплодност кај мажите. Њуборн Клиниката е резултат на турско-македонското партнерство и е инвестиција вредна еден милион евра.