Во Црна Гора фалат работници, за да ги задржат ќе мора да ги зголемат платите

75
Лани во оваа област во шпицот на туристичката сезона официјално биле вработени 25 илјади работници, од кои 4,5 илјади биле странци. Според владината одлука оваа година може да се ангажираат 15 илјади странски работници со можност за дополнително зголемување за уште 5.000 работници.

Квотоата за ангажирање на странски работници во туризмот минатата година била 6,7 илјади, но на крајот се издадени вкупно 4.452 работни дозволи. Колку работници од оваа дејност биле ангажирани на црно не е познато, но инспекцијата според извештаите од јуни до крајот на август открила вкупно 1.207 работници без договори. Од нив 375 биле црногорски државјани, а 832 странци.
Домашните работници, но и од соседните држави кои претходно доаѓале во Црна Гора да работат сега полесно можат да заминат за Хрватска која бара 30 илјади работници за работа во овој сектор и нуди многу повисоки плати.

Според податоците на Монстат, просечната пријавена плата во оваа дејност лани изнесувала 429 евра, додека во Хрватска 720 евра. Хрватските работодавачи, освен плата која во шпицот надминува и 1.000 евра, за да привлечат работници нудат и сместување и храна како и платени патни трошоци.

Потпретседателката на Унијата на работодавачи на Црна Гора, Анита Митровиќ Милиќ вели дека проблемот со пронаоѓање на квалитетна работна сила го прати црногорскиот туризам со години.

Фото:Pixabay