Во Црна Гора има 58 милионери

156

На крајот на јуни, според месечните податоци доставени од комерцијалните банки до Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), во таа земја има 58 физички лица кои имаат депозит од над еден милион евра. Во споредба со крајот на 2020 година, оваа година бројот на физички лица кои имаат депозит од милион и повеќе евра е намален за двајца, а минатата година во Црна Гора имаше 60 милионери.

“Најголемата сума на депозит на физичко лице е 25,2 милиони евра. Станува збор за нерезидент и немаме податоци за занимањето на тој депонент. Кога станува збор за физички лица, вкупниот износ на депозитите на десетте најголеми штедачи е 66 милиони евра “, изјави Централната банка на Црна Гора за весникот Дан.

Ова значи дека десетте најголеми штедачи во просек поседуваат 6,6 милиони евра во банки. Од друга страна, секој петти граѓанин на Црна Гора е на работ на сиромаштија, додека најголемиот број од оние што примаат плати и пензии се под просекот.

Според податоците на Фондот за заштита на депозити (ФЗД), вкупните депозити на физички и правни лица на крајот на минатата година изнесуваат 3,38 милијарди евра, што е 96 милиони, или 2,78 % помалку отколку во 2019 година. Пред неколку дена, ЦБЦГ нагласи дека депозитите се зголемени за 9% во првите шест месеци од оваа година.

Фото: Pixabay