Во Црна Гора ќе се градат 70 хотели во следните 10 години

31

crna gora

Јакнење на комплетниот туристички сектор ќе води кон понатамошно зголемување на вработеноста во оваа област, а ќе се работи и на реализација на амбициозен план за изградба на 70 нови хотели во следните 10 години, најави црногорскиот министер за одржлив развој и туризам Бранимир Гвозденовиќ на состанок со делегација на Светска банка, јавува cdm.me.

Според Гвозденовиќ, вложувањето во висококвалитетен туризам е важно за понатамошно јакнење на конкурентноста и пресудно пред сè за елиминирање на сезоналитетот.

Според анализите, во Црна Гора хотелите со пет ѕвездички имаат значително поголема искористеност од хотелите со три ѕвездички.

Се проценува дека во оваа земја, во моментов, периодот на поврат на инвестиции во хотели од највисока категорија, на некои од клучните локации изнесува и до 18 години.