Во Црна Гора остварени 85% од туристичкиот промет во 2019 година

20

Според последните податоци на Националната туристичка организација (НТО), во Црна Гора престојуваат околу 167.000 гости, што е 85% од туристичкиот промет од 2019 година, изјави директорката Ана Трипковиќ Марковиќ.

Охрабрувачки е, вели таа, дека предвидените приходи од туризмот се на ниво од 80% во споредба со 2019 година. Црна Гора, како што рече таа, влегува во најсилниот врв на туристичката сезона.

“Пополнетоста на сместување во хотел е 99% во споредба со 2019 година, а на приватно сместување е 83%. Според податоците од петокот, околу 38.000 гости престојувале во хотели, додека во приватно сместување околу 120.000 гости “, рече Трипковиќ Марковиќ.

Најголем број гости се од регионот, меѓу кои има туристи од Србија и БиХ, а има и голем број гости од Украина, Казахстан, Полска, Израел…

Фото: Pixabay