Во Турција е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели

112

Нафтено поле со резерви од 150 милиони барели е откриено на југоистокот на Турција во провинцијата Ширнак, соопшти турскиот претседател Таип Ердоган по состанокот на владата.
„Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта на земјиште откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари“, рече Ердоган, пренесува ТАСС.

Ердоган вчера изјави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.