Во Турција отворен аеродром целосно изграден на море

347

Во Турција вчера се одржа свеченото отворање на аеродромот Ризе-Артвин.

Аеродромот Ризе-Артвин, чија писта е широка 45 метри и долга 3.000 метри, целосно ќе ги задоволи потребите за авиосообраќај во тој регион.

Аеродромот, чии темели беа поставени на 3 април 2017 година, има годишен капацитет од три милиони патници.

Изграден е со уникатна архитектура и напредни инженерски технологии, а вкупната затворена површина на аеродромот е 47.000 метри квадратни, од кои терминалната зграда и другите придружни објекти зафаќаат површина од 32.000 метри квадратни.

Инаку, ова е уникатна градба и петти аеродром во светот изграден во море. Теренот околу аеродромот е планински и не можеше да се изгради писта освен во море. Милиони тони камења беа истурени пред да се создаде стабилна и рамна почва.

Првиот аеродром во Турција што е изграден на море е Орду-Гиресун, кој беше отворен во 2015 година.