Во угостителскиот сектор има 1.357 слободни работни места

32

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2013 година, стапката на слободните работни места изнесува 1,33%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Уметност, забава и рекреација и изнесува 2,41%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што изнесува 0,12%.
Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,56%.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,66%.
Најголем број на слободни работни места, односно 1.357, има во петтата групата на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.