Во Украина во моментот не функционира околу 25 отсто од економијата

95

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека руската инвазија врз неговата земја уништила повеќе од 25.000 километри патишта, неколку стотици мостови и 12 аеродроми.

„Околу 35 отсто од економијата во моментов не функционира“, изјави Шмихал, пренесува Би-Би-Си. Тој посочи дека се уништени или оштетени и повеќе од 100 образовни институции, над 500 медицински установи и 200 фабрики, а повеќе од 300.000 квадратни километри земја е минирана или контаминирана со бомби.

Шмихал процени дека е изгубен 30 до 50 отсто од БДП на Украина, а месечниот буџетски дефицит е пет милијарди долари.

Според различни проценки, директната штета на инфраструктурата и економијата е околу 600 милијарди долари, јави Би-Би-Си.