Во време на пандемија поскапеа компјутери, веб-камери, телевизори …

136

Пандемијата доведе до пораст на цената на многу производи, а на оваа листа, според организациите на потрошувачи, разни технички уреди, компјутери, веб-камери, телевизори… заземаат високо место.

Ова е потврдено со истражувањето на германскиот портал за потрошувачи Testbericht, спроведено од мај 2019 до февруари 2021 година. Според Дојче веле, на тоа влијаеле повеќе фактори. Прво слабата понуда, поради првото затворање во Кина, потоа растот на побарувачката заради работа од дома и на крај логистичките проблеми.

Порталот наведува дека во времето на короната, правилото за паѓање на цените на новите модели на телевизии, лаптопи или печатачи веќе не важело неколку месеци по испораката на пазарот. Компјутерите поскапеле во просек за 79 %, а печатачите за 19%. Поради променетиот начин на живот, цените на кујнските апарати се зголемија во просек за 25,4 %, претежно за машини за миење садови, кои беа поскапи за петтина отколку пред кризата. Исто така, повисока цена имаа и уредите за вежбање, топломери и апаратите за потстрижување за коса.

Фото: Pixabay