Во Загреб квадратен метар чини 1.485 евра, во Дубровник дури 3.504 евра

49

Додека националниот пазар на недвижнини поради рецесијата бележи пад на цените на квадрат во Хрватска, на подрачјето на Дубровник цените стагнираат повеќе од две години, без назнаки на скоро намалување. Просечната цена на куќа во Дубровник чини 3.504 евра за метар квадратен, во Сплит 2.267 евра, а во Загреб 1.485, што само го потврдува водечкото место на Дубровник на скалата градови со најскап квадрат.

Причината за задржувањето на високите цени на куќи и станови, Франо Безиќ од Хрватската стопанска комора ја гледа во фактот дека банките, како најголеми сопственици на недвижнини, поради побарувањата не им одговара да ги намалат цените.

“Приватниците кои продаваат недвижнини по правило се согласуваат на пониски цени, што не е случај со банките”, вели Безиќ за Слободна Далмација.

Најскап дел во Дубровник е центарот на градот, во просек преку 4.000 евра, а веднаш по него е Лапад.