Во Загреб отворен најмодерниот McDonald’s во Хрватска

29

McDonalds 1

Во Загреб минатата недела е отворен 25-тиот ресторан на ланецот за брза храна McDonald’s во Хрватска.

Ресторанот е опремен со најнови технологии. Новиот ресторан нуди модернизирана услуга, шанк за самопослужување на кој гостинот самиот избира што сака, плаќа со картичка и притоа добива сметка и број на нарачката. Потоа на монитор го следи бројот на нарачката и во посебен дел на пултот, го презема нарачаниот производ. Шанкот за самопослужување е дел од опремата за “made for you” ресторани, концепт што McDonald’s во идните три години планира да го воведе и во останатите ресторани, стои во соопштението на компанијата, објавено во хрватските медиуми.

Ланецот за брза храна планира да стартува и со апликација за мобилни нарачки.