Во земјава се затајува данок колку годишна плата на 3.452 медицински сестри

86

Македонија секоја година губи околу 24,8 милиони долари по основ на ненаплатен данок или даночна евазија. Тоа е колку годишна плата на 3.452 медицински сестри во земјава, покажува анализата на Tax Justice Network за оваа година.

На глобално ниво, земјите годишно губат над 427 милијарди долари по основ на неплатен данок, што е еднакво на платите на околу 34 милиони медицински сестри. Со други зборови, во светот во секоја секунда се затајува по една годишна плата на медицинска сестра.

Од земјите во регионот, најмногу данок се затајува во Грција (353,7 милиони долари годишно). По нејзе најголеми неплаќачи на данок се: Црна Гора (106 милиони долари), Словенија (97 милиони долари) Србија (69,2 милиони долари), Албанија (43,4 милиони долари), Босна и Херцеговина (17,4 милиони долари) и Хрватска (11,8 милиони долари).

Фото: Freepik