Фото: Pixabay
Андреј Ваш од Зрењанин, Србија, направи пиво со вкус на лута пиперка, пишува Дневник.рс.
Пивото, чие име е чили манго ипа, е пилот проект и сè уште не може да се најде во комерцијална продажба.
“Крафт пиварите во последно време заземаат голем дел од пазарот на пиво и тоа е иднината. Тука треба да се издвоите, па решив да го спојам пивото и својата страст, а тоа се лутите пиперки. Пивото е традиција во нашиот град, историја исто така и тоа ми беше инспирација“, вели Ваш.
Тој, исто така, планира да ја засади најскапата пиперка во светот, а тоа е дива пиперка од Перу. Еден килограм од тие суви пиперки достигнува цена од 25.000 долари.