Водата – најдобар сојузник на вашето здравје

62

Сите знаеме колку е важна водата за нашето здравје. Таа помага во регулирање на речиси сите процеси во нашето тело.

Доколку сте од оние на кои организмот едноставно “не им бара вода”, прочитајте зошто таа е најдобриот сојузник на нашето здравје.

Баланс на течностите

Скоро 60% од човековото тело е вода и таа е потребна за да го одржи балансот во организмот. Добар баланс на течности значи добро регулирана температура, помош во транспортот на хранливи состојки во организмот, добро варење и др.

voda-1

Контрола на калориите

Пиењето вода многу помага за намалување на калории. Постојат бројни студии кои ја докажуваат поврзаноста на пиењето вода и губењето на килограми. Едноставно, колку повеќе пиете вода, толку сте посити.

Гориво за мускулите

Со потењето, додека сте физички активни или вежбате, се губи вода во мускулите. Ако не конзумирате доволно вода, мускулите ќе станат опуштени. Затоа секогаш имајте едно шише до вас, особено кога сте физички активни.

Почиста кожа

Одредени токсини во телото предизвикуваат воспаление на кожата, затнати пори и акни, а токму водата е таа која помага во отстранување на тие токсини и го намалува ризикот од акни.

voda-2

Правилна работа на бубрезите

Бубрезите неуморно работат на прочистување на организмот и дококу не добијат доволно вода, нивната функција може да ослабне.

Извор на енергија

Наместо утринско кафе, напијте се две чаши вода. Ќе ве освежи и ќе ви даде енергија за денот што следи.

Помош при болка

Многу често болните зглобови и грчевите во мускулите се резултат на недоволно вода во организмот. Уште една причина да ја конзумирате и кога не ви се пие.

За крај, испијте чаша вода веднаш штом ќе станете и практикувајте да ја конзумирате половина час пред секој поголем оброк. Нека ви стане навика да имате постојано шише вода до вас, а доколку вкусот ви здодее, додајте само малку лимон во неа и ќе добиете нова свежина.

Фото: Pexels