Водете сметка, ова се петте измами за инвеститори во 2020 година

162

Инвестирањето во крипто валути се меѓу првите пет закани на инвеститорите за 2020 година, соопшти Северноамериканската асоцијација на администратори на хартии од вредност (NASАА).

NASAA, најстарата меѓународна организација за заштита на инвеститори, официјално ги објави првите пет производи или шеми што веројатно ќе ги измамат инвеститорите оваа година.

Извештајот ги вклучува првите пет шеми што најверојатно ќе ги измамат инвеститорите, засновани на поплаки на инвеститори, тековни истраги и тековни трендови на спроведување.

Покрај инвестирањето во крипто валути, главни области на загриженост за 2020 година вклучуваат меници, инвестиции во недвижнини, Понзи шеми, како и шеми за инвестиции преку Интернет и социјални медиуми, предупреди NASAA.

Кристофер Геролд, претседател на NASAA и шеф на Комисијата за хартии од вредност на Њу Џерси, вели дека не постои вид на инвестиција што може да гарантира враќање на инвестицијата.

“Секој што вели дека нивната инвестициска понуда нема ризик, лаже. Важно е инвеститорите да разберат во што инвестираат и во кого инвестираат“, вели Геролд, повикувајќи ги инвеститорите да бидат повнимателни и да не веруваат во ветувања за загарантирани високи приноси.

Во средината на 2018 година, властите започнаа над 200 истраги поврзани со крипто – инвестициони производи. Во меѓувреме, обемот на загуби предизвикани од измама и кражба поврзани со криптовалути во последниве години бележи огромен скок од 1,7 милијарди долари во 2018 година до дури 4,4 милијарди  долари во 2019 година.

Фото: Pexels