Водич за HACCP принципите за операторите со храна, особено во угостителството

81

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ и Секторот за туризам при Општина Охрид денеска пред угостителите и хотелиерите од охридско – струшкиот регион ќе го промовираат Водичот за HACCP принципите за операторите со храна, особено во угостителската дејност.

Водичот го подготвија претставници на ХОТАМ во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на кампањата за интензивирање на имплементацијата на НАССР во угостителските објекти.

Во рамки на кампањата, која ќе се реализира за угостителите и хотелиерите од охридско – струшкиот регион, денеска во Охрид ќе се одржи и 12 од планираните 24 едукативни работолници на тема Интензивирање на имплементацијата на HACCP принципите во угостителските објекти во Република Македонија во организација на Агенцијата за храна и ветринарство.