Volkswagen FAW Engine (Dalian) и Kuehne + Nagel во Кина го проширија логистичкото партнерство

22

 

kuehne-nagel

Volkswagen FAW Engine (Dalian), којшто е производител на автомобилски делови и функционира како заедничка инвестиција со Volkswagen Кина, потпиша двегодишен договор со Kuehne + Nagel за управување со логистички операции во постројките во Далиан и Чангчун од 149 снабдувачи со автомобилски делови на национално ниво.

Договорот опфаќа софистицирани ИТ решенија за барањата на компанијата со цел да се подобри ефикасноста на работата. Решението вклучува употреба на динамично планирање за да се обезбеди оптимизација на трошоците. За да се обезбеди попрецизно следење на движењето на камионите во реално време, Kuehne + Nagel ја користи кинеската технологија – возачите користат мобилен телефон да го скенираат QR кодот за да укажат на промена во статусот на пратката, што автоматски го активира ажурирањето во системот за управување. Користењето на WeChat платформата ја намалува потребата од инсталирање дополнителни апликации или поставување хардвер. Оваа платформа, во комбинација со сеопфатен оперативен контролен систем, обезбедува целосна транспарентност на операцијата.

Жију Ванг, логистички менаџер во Volkswagen FAW Engine (Dalian) изјави: “Kuehne + Nagel презеде комплексен сет од барања и ги претвори во навидум едноставно логистичко решение. Тоа овозможува заштеда на трошоци, ефикасност и целосна видливост во синџирот на снабдување на компанијата“.

Пјер Ли, виш потпретседател за договорна логистика на Kuehne + Nagel за северна Азија изјави: “Volkswagen FAW Engine (Dalian) е еден од најголемите меѓународни играчи на автомобилскиот пазар во Кина и ние сме задоволни што го проширивме ова партнерство. Овој нов договор ја прикажува моќта на Kuehne + Nagel во индустријата за производство на автомобилски делови во Кина што ги соединува прилагоденото логистичко решение поддржано од ИТ системот за да обезбеди целосна видливост на синџирот на снабдување“.