Volkswagen Golf GTI добива ретро шмек со BBS Concept

43

GTI ознаката на Volkswagen има богата и долга историја, а еден од најважните модели кој го носел овој знак е втората генерација на Golf GTI

Volkswagen Golf GTI се промени многу од своето настанување, но главните атрибути на автомобилот, неговиот фундаментален карактер се обидува да остане ист. Осмата генерација е најновата итерација на моделот, но новиот концепт ја наоѓа својата инспирација во минатото, мешајќи ги елементите на „двојката“ од средината на 80-тите со денешната технологија за да се добие GTI BBS Concept.

Концептот е целосно визуелен примерок. Потентниот погон на Golf 8 GTI, најмоќниот досега, останува непроменет, а тоа значи 2,0-литарски четирицилиндричен агрегат под хаубата кој испорачува 231 КС и 370 Nm максимален вртежен момент. Единственото „перформансно“ унапредување е додавањето на нов Borla издув, кој го унапредува звукот и додава незабележителна моќност на погонот.

Визуелните промени се мали, но му даваат на овој хот хеч еден ретро шмек, пред се благодарение на светло златните 19-инчни BBS Super RS тркала, кои ја имаат легендарната BBS шема. Автомобилот исто така е спуштен благодарение на големиот број специјални компоненти и H&R амортизерите.

Пакетот е комплетиран со старинска црвено-црна тематика на хаубата и црвено-црна лента на профилот од автомобилот. Во внатрешноста, автомобилот воопшто не се разликува од „обичниот“ Volkswagen Golf 8 GTI. Од VW направија одлична работа во обидот да го задржат GTI што е можно поблиску до своите корени, а овој модел дефинитивно ќе побуди носталгија кај постарите фанови.

Преземено од Avtoplus.mk