Германскиот автомобилски гигант Volkswagen во следните пет години планира да инвестира 84,2 милијарди евра во развој. Скоро половина од тие пари, 41,2 милијарди евра ќе бидат искористени за развој и лансирање на нови возила и наследни модели во скоро сите класи. Еден дел ќе биде инвестиран во развој на нови генерации на мотори кои ќе понудат подобри перформанси и намалување на емисијата на CO2.
“Ќе продолжиме да инвестираме во иновации и технологија и покрај неизвесното економско опкружување. Убеден сум дека тоа ќе ни даде екстра сила на нашиот пат кон врвот”, изјави извршниот директор Мартин Винтеркорн, претседател на управниот одбор на компанијата.
Компанијата ќе продолжи да инвестира и во хибридни погони и електромотори.