Германскиот производител на автомобили, Volkswagen ја одби понудата за преземање на Lamborghini во вредност од 7,5 милијарди долари, објави Autocar.
Понудата ја поднесе Quantum Group, холдинг од Цирих којашто за оваа потенцијална аквизиција формираше конзорциум со Centricus Asset Management од Лондон.
Volkswagen во ноември минатата година почна да подготвува стратешки опции за Lamborghini и Ducati. Беа најавувани можни иницијални јавни понуди или продажба, но еден месец подоцна објави дека се де обврза да ги задржи во своја сопственост.
Lamborghini е во сопственост на Volkswagen преку својата подружница во Audi.
Фото: Pexels