Volkswagen ќе гради фабрика во Полска

18

Volkswagen-logo-Германскиот концерн Volkswagen планира да инвестира преку 500 милиони евра во изградба на нова фабрика во Полска, пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung. Во фабриката ќе се произведуваат Crafter комбињата, откако VW ќе го раскине партнерстовото со Daimler. Сега Daimler го произведува Crafter во фабриките во Дизелдорф и Лудвигзфелде, Германија. VW нема да го продолжи договорот со Daimler кој истекува кон средината на 2016 година, пишува весникот.

Трансферот на производството на Crafter во Познањ, Полска, треба да добие одобрување од Надзорниот одбор на VW, што се смета за сериозна пречка затоа што во НО доминираат претставници на работниците кои не се согласуваат со раководството да го сели производството во странство. Формална одлука се уште нема, но се очекува проектот да добие зелено светло.

Уште во декември извори за Ројтерс изјавија дека VW ја разгледува можноста за склопување возила во Полска, што би му помогнало да ги намали трошоците на производство.

VW во Познањ веќе ги склопува моделите Caddy и T5 помали комбиња. Со инвестицијата од 500 милиони евра, VW ќе го зголеми капацитетот за производство на дополнителни 70.000 Crafter возила годишно.