Volkswagen ќе ја гради новата фабрика во Турција

41

Фото: Pixabay

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen одлучи новата фабрика во којашто ќе произведува повеќе автомобилски брендови да ја гради во Турција, пренесува Automotive News Europe.

Магазинот наведува дека надзорниот одбор на VW одлучија ја изгради фабриката во близина на приморскиот град Измир.

Акциите на турскиот дистрибутер на возилата на VW, Dogus Otomotiv, забележаа пораст од 11,6% по информациите што ги пренеле турските медиуми дека Катар, којшто има 17% сопственички удел во VW, лобирал во надзорниот одбор за новата фабрика да се гради во Турција.

Нашата земја, Србија, Бугарија и Турција беа во игра за отворање на нова фабрика на германскиот производител на автомобили.