Volkswagen ќе престане да произведува Passat за европскиот пазар

78

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen планира да му стави крај на производството на моделот Passat за европскиот пазар, пишува магазинот Automotive News.

Претходно, таква одлука за овој модел беше донесена за американскиот пазар. Производството на Passat за американскиот и европскиот пазар ќе биде окончано до 2023 година.

Една од причините за таквата одлука се електричните автомобили, коишто стануваат повеќе популарни и барани на пазарот.

Се претпоставува дека крајот на Passat-от ќе значи и крај на Volkswagen Arteon, којшто најверојатно нема да има нова генерација возила од тој тип.

Фото: Pixabay