Volkswagen откри детали од својата стратегија – ќе градат шест фабрики за батерии

72

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen планира значително да ја зголеми продажбата на електрични автомобили до крајот на деценијата и да склучи партнерство со кинеска компанија за заедничко производство на батерии во Европа, покажа новата стратегија.

Презентирајќи ја стратегијата за периодот до 2030 година, најголемиот европски производител на автомобили во вторникот најави дека електричните автомобили треба да сочинуваат половина од својата продажба до крајот на деценијата. Во 2020 година, нивниот удел во продажбата беше само 3%.

“Поставивме стратешка цел да станеме светски лидер на пазарот на електрични возила и сме на добар пат да го постигнеме тоа. Сега ги поставуваме и параметрите“, изјави извршниот директор на VW, Херберт Дис.

До 2030 година, компанијата има намера да изгради шест големи фабрики за производство на батерии во Европа, избирајќи кинески Gotion High-Tech за работа во Салцгитер, Германија.

Шпанија е исто така на списокот на можни локации. Новите цели беа објавени непосредно пред презентацијата на новата климатска политика на Европската унија, која најави забрана за бензинци и дизелаши од 2035 година.

Во VW, очекуваат силните резултати да им помогнат да соберат 150 милијарди евра за инвестиции до 2025 година во области како што се производство на батерии и развој на софтвер.

Германскиот гигант сака да ја престигне компанијата Tesla до 2025 година и да биде на врвот на светската листа на производители на електрични автомобили.

Фото: Freepik