Volkswagen е последниот во низата производители на автомобили што ги истражуваат можностите за развој на летечко возило.
Најголемиот европски производител на автомобили соопшти дека по развојот на технологија на автономни автомобили, следниот чекор би бил таканаречена вертикална мобилност.
“Во Кина го проучуваме потенцијалниот концепт со партнерите за да ја утврдиме можноста за индустријализација на овој пристап“, велат од Volkswagen.
Германскиот производител ја објавува оваа информација во моментот кога напорно работат на електрификација на својот асортиман на возила. Само минатата година се произведени трипати повеќе електрични возила одошто една година претходно, а продажбата на нивните хибридни модели исто така забележа голем раст, на 190.500 примероци, што е скок од 175%, пренесува CNN.
Фото: Pixabay