Volkswagen се откажа од изградбата на фабрика во Турција

92

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen донесе одлука да не гради фабрика во Турција, пренесува Ројтерс.

Во октомври минатата година, германскиот автомобилски бренд ја стави во мирување одлуката за изградба на фабрика во Турција поради меѓународните критики кон земјата за воените операции во Сирија.

Нашата земја, Србија, Бугарија и Турција беа во игра за отворање на нова фабрика на германскиот производител на автомобили.

Фото: Pexels